Лацио победнички мина низ Фиренца во 24.коло во Серија А. Екипата на Маурицио Сари ја победи Фиорентина со 3:0.
Лацио во второто полувреме ја торпедираше Фиорентина. Првиот гол го постигна Милинковиќ-Савиќ во 52.минута. За српскиот репрезентативец ова беше осмиот гол од почетокот на сезоната.
Предноста ја зголеми Чиро Имобиле во 70.минута. Со 18.гол во сезоната, Имобиле го престигна довчерашниот играч на Фиорентина, Душан Влаховиќ, на листата на најдобри стрелци.
До крајот на мечот авто-гол си постигна капитенот на Фиорентина, Кристијан Бираги.
Лацио со овој триумф се искачи на шестото место на табелата, колку шти има и Рома. Фиорентина е зад нив со 36 бода.