Top Sport

Лајпциг го декласираше Келн, нов гол на атракцијата Нкунку

Предводени од неверојатниот Кристофер Нкунку, РБ Лајпциг стигнаа до убедлива 3:1 победа над Келн за да се искачат на четвртото место пред комплетното 22. коло од германската Бундеслига.

Резултатот го отвори неверојатниот Нкунку со прекрасен гол од слободен удар во 25. минута од мечот, за да ја продолжи својата неверојатна сезона во која веќе има постигнато 13 гола и забележано 19 асистенции во 31 натпревар за „биковите“.

Победата беше обезбедена за три минути во второто полувреме. Прво Дани Олмо во 54. минута зголеми на 2:0, за во 57. минута да му асистира на Анжелино за 3:0. Тим Лемперле во 91. минута од мечот намали на 3:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top