Top Sport

Лајпциг ја најде замената за Нагелсман, од кај австриските „бикови“

Американскиот фудбалски тренер, Џес Марш (47) ќе го наследи Јулијан Нагелсман на тренерската позиција во бундеслигашот РБ Лајпциг. Иако се чека само потврдата од второпласираниот клуб во првата германска фудбалска лига, медиумите пишуваат дека се е веќе договорено.

33-годишниот Нагелсман кој две сезони успешно ги води „биковите“ од Лајпциг од идната сезона ќе е на кормилото на минхенски Баерн.

Марш беше помошник на селекторот на САД во 2010 и 2011 година, а во МЛС лигата ги предводеше тимовите Монтреал Импакт и Њу Јорк Ред Бул.

Една сезона беше и помошник тренер во Лајпциг, а последните две сезони успешно го води австриски РБ Салцбург.

Scroll to Top