Top Sport

Меџик: Во клучни моменти би се потпрел на Леброн, не на Дурент

Вие да сте тренер на НБА тим, ривалот има два поени предност на 2 секунди пред крај на мечот, на кој играч би му го довериле последниот шут, на Леброн Џејмс или на Кевин Дурент?

Вакво прашање го дочека легендарниот НБА кошаркар, Меџик Џонсон по доаѓањето во ТВ шоуто на Џими Фалон.

„Кевин Дурант е еден од најдобрите стрелци кој некогаш играл на оваа позиција. Но морам да изберам победник. Морам да го одберам Леброн, затоа што има повеќе титули“ вели Џонсон.

Можеби неговото мислење нема да им се допадне на многумина, но статистиката е статистика, на која американскиот спорт, посебно кошарката се потпираат.

Статистиката покажува дека Леброн Џејмс има подобар „clWPA” коефициент, односно со него во составот во клучни моменти се има поголема шанса за победа.

Scroll to Top