Дерби мечот од 11.коло во Бундес лигата им припадна на фудбалерите на Лајпциг. „Биковите“ славеа против Борусија Дортмунд со 2:1 (1:1).
Борусија во Лајпциг стави крај на серијата од четири победи, но и покрај поразот „милионерите“ ќе останат на втората позиција на табелата, но сега имаат четири бода помалку од Баерн Минхен.
Борусија без Ерлинг Халанд не успеа да се извлече во Лајпциг. Гостите немаа решение за расположениот Нкунку.
Напаѓачот на Лајпциг го постигна првиот гол на мечот во 29.минута, а во 66. му асистираше на Поулсен кој го постави конечниот резултат. Голот за Борусија го постигна Марко Тојс во 52.минута.
Лајпциг со петтата победа во сезоната се искачи на петтото место на табелата.