Top Sport

Лајпциг: Ливерпул ќе си почекаат за Кеита

Спортскиот директор на РБ Лајпциг, Ралф Рангник ги отфрли шпекулациите дека нивната прва ѕвезда, Наби Кеита може да дојде во Ливерпул уште во јануари.

22-годишмниот фудбалер од Гвинеја веќе има договор да се приклучи на тимот од „Енфилд“ следното лето со „одложен договор“, но проблематичниот старт на сезоната на РБ Лајпциг ги зголеми шпекулациите дека тој може да замине предвреме. Рагник вели дека договорот вреден 70 милиони евра е точно одреден и дека прерано пуштање не е во интерес на неговиот клуб.

„Дури и да не ги минеме групите од Лигата на шампиони, зошто би го пуштиле Наби порано во Ливерпул? Сакаме да се квалификуваме за Европа и следната сезона и за тоа ни е потребен Наби“, вели Рангник.

Кеита неодамна дојде на насловните страници во германските таблоиди поради легалните проблеми – поднел лажна возачка дозвола од Гвинеја во обид да добие возачка дозвола од ЕУ, за што може да биде казнет 100.000 евра.

„Секако, ние стоиме зад нашите играчи“, потврди Рангник.

Германците ќе го казнат Кеита со 100 илјади евра

Scroll to Top