Top Sport

Лајпциг со посебна соба за пушење за Маурицио Сари!

За да не може да се каже дека Германците се лоши домаќини, тимот на РБ Лајпциг реши да му овозможи на тренерот на Наполи, Маурицио Сари просторија за пушење за дуелот од Лигата на Европа.

На „Ред бул арената“ во Лајпциг, тимот направи посебен привремен оддел за Сари, кој е страстен пушач, да може да ужива на мир пред и по мечот. Според „Билд“, просторијата е три метри на три метри и направена од кнауф, а сите детектори на чад се исклучени.

Но, тоа не е сè. За Сари тимот обезбеди и маса за масажи за удобноста на стручњакот да биде на ниво. Бидејќи неговиот тим заостанува со 3:1 по првиот натпревар во Неапол, на Сари добро ќе му дојдат и цигарите и масажата.

Scroll to Top