Top Sport

ЗОИ: Германките го „украдоа“ боб-златото, Јамајка пред Нигерија

Германките Маријама Јаманка и Лиза Буквиц станаа олимписки шампионки во боб-санкање, победувајќи ги Американките за неверојатни 7 илјадити делови од секундата за злато.

Германките во последното возење заостануваа зад Американките Илана Маерс Тејлор и Лорен Гибс, пред во долниот дел од патеката да направат предност и да ја грабнат титулата со комбинирано време од 3:22.45. Ова е четврта титула за Германија во боб-двосед, а Американките имаат пет. Канаѓанките Кејли Хамфрис и Филисија Џорџ освоија бронза со 0.44 секунди послабо време.

Нигериското дуо, кое влезе во историјата како први зимски олимпијки од африканската земја, неколку пати удрија во ѕидовите на патеката завршувајќи како последни со повеќе од 7 секунди заостанување.

Јамајка, која ги прати првите женски зимски олимпијки во Пјонгчанг, успеа да биде пред Јамајка со 4 секунди послабо време од шампионките.

ЗОИ: Јамајка остана без тренер, но и без боб санката!

Scroll to Top