Фудбалерите на Лајпциг ја заокружија одличната недела во која триумфираа над Тотенхем со 1:0 со убедливата победа над Шалке во Гелзенкирхен од 5:0.
Лајпциг немаа т намера да се откажат од шампионската трка со Баерн Минхен. По вечерашниот меч во Гелзенкирхен разликата повторно е само еден бод во корист на Баварците.
„Биковите“ го декласираа Шалке со брилијантна игра во второто полувреме. Првиот дел заврши со предност за Лајпциг од 1:0. Шабицер го постигна голот уште во првата минута.
Канонадата започна во последните 30 минути.
Вернер во 61 минута зголеми на 2:0. За германскиот репрезентативец ова беше 27 гол оваа сезона во сите натпреварувања. Седум минути подоцна Халстенберг ги реши дилемите, доколку и ги имаше, околу конечниот победник.
По третиот гол играта на Шалке целосно се распадна, поради што до крајот им дозволија на противниците да постигнат уште два лесни гола.
Анхелињо во 80 минута се прошета низ одбраната на Шалке и го погоди спротивниот агол, осум минути подоцна сличен гол само од спротивната страна постигна Форсберг.