Ред бул Лајпциг повторно е на второто место во германската Бундеслига, откако со 2:0 го совлада тимот на Аугзбург во првиот натпревар од 22. коло.
Минатогодишниот вице-шампион стигна до водство уште во 17. минута преку Французинот Упамекано, пред Наби Кеита, еден од најталентираните млади фудбалери во Европа и следен играч на Ливерпул не ја потврди победата во 70. минута.
Лајпциг е на второто место во Германија со 38 поени, три повеќе од Баер Леверкузен, но дури 15 зад Баерн Минхен. Аугзбург е на седмото место со 31 поен.