Top Sport

Мојс разбира зошто Евра го шутираше навивачот на Марсеј!

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс вели дека разбира зошто неговото ново засилување Патрис Евра го шутна навивачот на Марсеј по што доби суспензија.

Пред мечот на Марсеј на гостувањето кај Виторија Гимараеш во Лигата на Европа, Евра беше испровоциран од еден навивач на францускиот тим, по што упати „кунг-фу“ удар пред да добие црвен картон пред мечот да стартува. Според Мојс, во провокациите имало и доза на расизам и затоа неговата реакција е разбирлива.

„Дали сум загрижен за Патрис? Не, од тоа што го слушнав од него. Тој ми кажа што се случи и инцидентот покажува дека стои на својот став и не прифаќа провокации. Го познавам добро Патрис и знам што ќе донесе во клубот. Неговиот професионализам е огромен и се надевам дека бргу ќе биде подготвен за играње. Може да игра и против Ватфорд бидејќи напорно тренираше“, вели Мојс.

Евра како Кантона со кунг-фу удар нокаутира навивач (Видео)

Scroll to Top