Top Sport

Лајпциг со „шест парчиња“ за очајниот Нирнберг (видео)

Лајпциг стигна до неверојатна 6:0 победа над Нирнберг за да се искачи на второто место во Бундеслигата со три поени зад лидерот Борусија Дортмунд.

Гостите беа декласирани во првите половина час игра, откако Кампл, Поулсен, Забицер и Тимо Вернер постигнаа по еден гол за 4:0 водство, по што во второто полувреме, по уште еден гол додадоа Забицер и Вернер.

Победата можеше да биде уште поубедлива ако Вернер не ја пропуштеше шансата за хет-трик со утнатиот пенал во 64. минута од мечот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top