Top Sport

Слави Костов ги врати Левски на врвот во Бугарија (видео)

Станислав Костов постигна два гола за Левски со 2:0 да ја победи Славија во најстарото софиско дерби и да ги врати „сините“ на првото место во Првата лига.

Во меч од 11. коло во бугарскиот шампионат, Костов го „запали“ „Георги Аспарухов“ во 28. минута, за да ја запечати победата во 50. минута пред 10-тината илјади навивачи. Ова е осма победа во девет меча за тимот под водство на српскиот тренер Славиша Стојановиќ.

Левски има 28 поени, два повеќе од актуелниот шампион Лудогорец, пред нивниот меѓусебен дуел во Разград по интернационалната пауза. Славија е на 10. место со само 13 поени.

Фото/Видео: Спортал.бг

Scroll to Top