Top Sport

Лајпциг замената за Нагелсман ја најдоа во сестринскиот „Ред бул“

РБ Лајпциг преговараат за да го добијат американскиот тренер Џеси Марш од сестринскиот Ред бул Салцбург како замена за Јулијан Нагелсман, откако Баерн Минхен потврди дека тој е нивниот нов тренер од следната сезона.

Портпаролот на Салцбург, Кристијан Кирхер потврди дека почнаа преговорите, откако германскиот „Кикер“ објави дека веќе постои договор за личните услови на 47-годишниот Американец.

Марш има договор со Салцбург до 2022 година, а во Лајпциг би имал своевиден камбек бидејќи беше помошник на Ралф Рангник во тимот пред во 2019 да замине во Салцбург.

Scroll to Top