Кариерата на Александер Лаказет во Арсенал е завршена, смета поранешната ѕвезда на клубот од северен Лондон, Емануел Пети.
Францускиот напаѓач Лаказет дојде за 52 милиони фунти од Лион со репутација на голгетер, но имаше само еден гол во 12 натпревари за „топчиите“, а сега неговото место во првиот тим не е сигурно откако Пјер-Емерик Обамејанг дојде во јануари. Според Пети, Арсен Венгер веќе ја загубил довербата во напаѓачот.
„Лаказет е под огромен притисок. Мора да биде подобар или да си замине на лето. Тоа што го донесоа Обамејанг значи дека веќе е доцна. Довербата на Арсен Венгер во Александер веќе ја нема“, вели Пети во интервју за „Сан“.
Габонецот Обамејанг се верува дека ќе биде прв избор на Венгер на дербито со Тотенхем, а Лаказет најверојатно ќе биде на клупата.
„По шест месеци статистиката не зборува добри работи за него. Оба е човекот кој им е потребен на Арсенал во моментов“, вели Пети.