Top Sport

Скандал во Пјонгчанг: Нема мобилни телефони за Иран и Северна Кореја

Свеченото отварање на Олимпијадата во Пјонгчанг помина без проблеми, но со диплопатски скандал предизвикан од гигантот „Самсунг“.

Организаторите на Олимпијадата одлучија сите 4.000 спортисти ќе добијат на подарок „Галакси Ноут8“ од „Самсунг“, смартфон вреден 1.100 долари, но спортистите од Иран и од Северна Кореја не го добија овој подарок.

Според локалните медиуми причината за ова се санкциите од Обединетите Нации, и подарокот би претставувал кршење на овие санкции. Иран одговори со реакција од министерството за надворешни работи.

„Ако ’Самсунг’ не се извини за оваа случка, тоа ќе влијае на односите на компанијата со Иран“, изјави портпаролот на министерството, Бахрам Касеми.

„Самсунг“ преку соопштение објави дека за дистрибуцијата на подароците е одговорен Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), кој подоцна потврди дека и Иранците и Севернокорејците ќе добијат мобилни телефони.

Scroll to Top