Ламина Јамал, очекувано, стави потпис на новиот договор со Барселона. Најталентираниот напаѓач во светот ќе остане в Барселона најмалку до јуни 2031 година.
„Сегашноста и иднината“, го опиша Барселона потпишувањето на договорот.
Стандардно, Барселона објави дека на потпишувањето на договорот присуствувале претседателот Џоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте и спортскиот директор Деко.
Според шпанските медиуми, Јамал ќе заработува 20 милиони евра по сезона, со нешто помалку од 10 милиони евра бонуси за обновување секоја година, што е драматично зголемување во однос на 1,6 милиони евра колку што добиваше досега.
Со овој договор, Јамал станува третиот најплатен играч во тимот, зад Френки де Јонг (23 милиони евра нето) и Роберт Левандовски (25 милиони евра нето).
Јамал го имаше своето деби за првиот тим како петнаесетгодишник на 29. април 2023 година. Тој пристигна во клубот многу порано, кога имаше само седум години, кога стана член на академијата на Барселона, позната како Ла Масија.
Иако сè уште е тинејџер, Јамал беше клучен играч во освојувањето на двојната круна и Суперкупот на Барселона оваа сезона.
Тој веќе има 106 настапи за Барселона, а ги руши рекордите еден по друг – тој е најмладиот стрелец во историјата на Ла Лига, Кралскиот Куп и Суперкупот, најмладиот играч на Барса кој одиграл повеќе од 100 натпревари…
Досега има постигнато 25 гола со 34 асистенции… А неговото време дефинитивно допрва доаѓа.