Top Sport

Лампард чека повик од Абрамович!

Англиските букмејкери го поставија поранешниот фудбалер на Челси и сегашен менаџер на Дерби каунти, Френк Лампард како прв фаворит да го замени Маурицио Сари на клупата на „сините“ по бламажата против Манчестер сити, кои со 6:0 ги „понижија“ на „Етихад“.

Сари призна дека не се сретнал со сопственикот на тимот, Роман Абрамович одамна и дека сака да го види, додавајќи дека работата на ниту еден менаџер не е сигурна, а од друга страна Лампард импресионираше со Дерби каунти во англиската втора лига во првата тренерска работа.

Според букмејкерите Лампард е на 2/1 пред Зинедин Зидан (7/1) и Џанфранко Зола (8/1), а други кандидати за работата се на 12/1 шанси (Диего Симеоне, Жозе Мурињо, Брендан Роџерс, Масимилијано Алегри и Нуно Еспирито Санто).

Челси по поразот паднаа на шестото место во Премиер лигата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top