Top Sport

Јазот меѓу богатите и сиромашните огромен: Се знае кој доминира во ЛШ

Еден од петте меча во Лигата на шампионите во последните четири сезони донесе резултат со кој еден тим победи барем со 3 гола разлика, покажувајќи слаба конкурентност и голема едностраност во елитното европско натпреварување.

Во извештајот на швајцарскиот Интернационален центар за спортски студии (ЦИEС Фудбал опсерваторија), исто така се тврди дека победниците на групите завршија со повеќе поени од пред 15 години, а најнископласираните тимови со многу помалку, уште еден показател за големиот јаз меѓу најбогатите европски клубови и „останатите“.

„Различните индикатори покажуваат дека има јасен тренд кон помалку рамнотежа и поголема предвидливост на резултатите“, се вели во извештајот на ЦИЕС.

„Многу нерамноправни натпревари“, во кој еден тим победувал со 3 или повеќе гола разлика пораснал од 16.9 отсто од 2003 до 2006 на 22.9 отсто од 2015 до 2018. Во истиот период поените кои ги освоиле победниците по меч пораснале од 2.11 на 2.26, а гол-разликата од 6.38 по шест меча на 8.91.

„Потребна е целосна реформа за да се заддржи потребното ниво на спортски и економски баланс во натпреварувањето и целосно во европскиот фудбал“, се вели во извештајот.

Претседателот на УЕФА, Словенецот Александер Чеферин и пред добивањето на својот втор мандат најавуваше промени кои ќе бидат за „посиромашните“ европски клубови.

Scroll to Top