Френк Лампард очекува сите премиерлигашки фанови ќе го гледаат саботниот меч Манчестер јунајтед-Челси и покрај тоа што двата тима во последните сезони не се конкурентни за титулата во Англија.
Доминацијата на Манчестер сити во последните години, ја достигна само актуелниот шампион Ливерпул и тие два клуба повторно се сметаат за фаворити за трофејот. Лампард не се согласува дека Јунајтед-Челси веќе не е интересен меч.
„Мечот носи огромна вредност. Игравме многу со нив во последно време, во двата купа и во лигата. Се работи за квалитетен тим кој отиде во Париз и стигна до победа, а во лигата е многу неизвесно. Ќе биде многу тешко“, вели Лампард.
Челси имаат само две победи во првите пет меча од Премиер лигата, а Јунајтед, кои имаат меч помалку исто така имаат две победи, а загубија со 6:1 од Тотенхем на „Олд Трафорд“.