Top Sport

Лампард: Челси мора да игра на нивото на еден Баерн

Пред отварањето на сезоната во Лигата на шампионите против Севилја, менаџерот на Челси, Френк Лампард им порачал на своите играчи да го кренат нивото налик на Баерн Минхен минатата сезона.

Баерн двапати го победи Челси со вкупен скор од 7:1 во осминафиналето на Лигата на шампионите, по што откако ја декласираа Барселона со 8:2, ја освоија и европската титула. Лампард вели дека мора да се игра на таков начин ако се сака да се биде успешен во елитата.

„Во Лигата на шампионите играте против најдобрите, а ние имавме шанса да играме против најдобрите против Баерн Минхен. Лани бевме млад тим, работевме да се подобриме, и тоа беше добар показател на младите фудбалери кое ниво треба да го достигнат. Да бидат како Баерн“, вели Лампард.

Челси имаа фантастичен летен преоден рок во кој газдата Роман Абрамович потроши над 200 милиони фунти на Каи Хаверц, Тимо Вернер, Хаким Зијеш и уште низа засилувања.

Scroll to Top