Top Sport

Солскјер: Кавани не беше подготвен да игра против ПСЖ

Оле Гунар Солскјер призна дека Единсон Кавани „не се чувствувал подготвен“ да дебитира за Манчестер јунајтед во пресметката со неговиот поранешен клуб Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите утре.

33-годишниот Уругваец нема играно од март, по предвремениот крај на францускиот шампионат и по одлуката на ПСЖ да не го повикаат за мечевите од Лигата на шампионите, каде што стигнаа до финалето. Кавани има неколку дена тренинзи со своите соиграчи, и Солскјер сметаше дека некој друг меч ќе биде подобар за негово деби.

„И јас сакав да биде тука, но тој нема играно подолго време и заклучивме дека е подобро да продолжи да се подготвува. Еди знае што сака и што му е потребно. Не се чувствуваше доволно подготвен. Мислам дека добро се вклопи во тимот и се гледа дека сака да работи и има квалитети за лидер“, вели Солскјер за францускиот „РМЦ“.

Покрај Кавани во Париз не отпатуваа ниту Хери Мегваер, Мејсон Гринвуд, Џеси Лингард и Ерик Баји, по што Бруно Фернандеш ќе биде капитен.

Scroll to Top