Новиот привремен менаџер на Челси, Френк Лампард ги отфрла тврдењата дека неговиот тим треба да се плаши од гостувањето кај Реал Мадрид во среда во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако вчера загубија со 1:0 од Вулверхемптон.
Лампард беше поставен како замена за Греем Потер додека трае потрагата за постојан менаџер, а поразот на „Молињу“ ги остава на 11. место во Премиерлигата. Мадрид, пак, во средата со 0:4 ја победија Барселона на „Ноу Камп“, додека во претходниот дуел со премиерлигаш, стигнаа со две победи над Ливеерпул со вкупна гол-разлика од 6:2.
„Ако сте загрижени, не доаѓајте. Фудбалерите нема од што да се плашат. Имаме голем меч во среда во кој работите целосно се менуваат. Сите знаеме дека не сме во позиција во која сакаме да бидеме, но нема решение за еден ден. Потребно ни е да имаме брзина, агресија и да ги добиваме дуелите. Имаме талент“, вели Лампард.