Top Sport

НБА ќе истражува зошто Далас ги „одмори“ ѕвездите

НБА лигата потврди дека ќе ја истражи одлуката на Далас маверикс да ги одморат своите најдобри кошаркари предводени од Лука Дончиќ при 115:112 поразот во петокот од Чикаго булс, со кој беа елиминирани од можноста да влезат во плејоф.

„НБА почна со истрагата околу фактите и условите на одлуката на Далас маверикс за изборот на играчи на мечот со Чикаго булс и мотивацијата зад тие одлуки“, потврди портпаролот на НБА, Мајк Бас.

Мавс во петокот објавија дека Кајри Ирвинг, Тим Хардавеј Јуниор, Џош Грин, Макси Клебеер и Кристијан Вуд. Дончиќ ги одигра првите 12 минути, пред да биде оставен на клупата до крајот на мечот. Тренерот Џејсон Кид објасни дека се работело за „одлука на организацијата“, посочувајќи дека така одлучил газдата Марк Кјубан и генералниот менаџер Нико Херисон.

Причината, секако, е подобар избор на драфтот – Далас беа израмнети на 10. место со Булс пред мечот, а должат на Њујорк никс топ 10 избор на драфтот како последна исплата за трејдот на Криштапс Порзингис.

Scroll to Top