Top Sport

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Френк Лампард со победа дебитираше на клупата на Евертон. „Карамелиите“, во четвртото коло, во ФА купот убедливо ја добија премиерлигашката пресметка со Брентфорд. Лесна победа во дуелот со најдобриот тим во Чемпионшип дивизијата запиша лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити.

Евертон без проблем го мина Брентфорд и се пласираше во осмина-финалето, во ФА купот. Серијата на голови, на „Гудисон парк“, ја отворија јужноамериканците, Јери Мина и Ришарлисон. Резултатот го намали Тони, а потоа Евертон постигнаа уште два гола, преку Холгејт и Таусенд.

Манчестер сити со идентичен резултат 4:1, славеа победа над Фулам. Гостите први постигна гол, во четвртата минута стрелец беше 19-годишниот Карваљо. Сити направи пресврт во наредните девет минути преку Гундоган и Лапорт. Во второто полувреме, Марез постигна два гола, еден од нив од пенал.

Четвртото коло успешно го минаа Кристал палас, Питерброу, Стоук, Норич и Хадерсфилд.

Scroll to Top