Top Sport

Лампард го убедил Хадсон-Одои да остане во Челси

Калум Хадсон-Одои бил подготвен да потпише нов договор со Челси, откако добил гаранции од новиот менаџер Френк Лампард, дека ќе има место во стартната постава.

18 годишниот крилен напаѓач ќе пропушти добар дел од новата сезона бидејќи се рехабилитира по повредата на Ахиловата тетива.

Англиските медиуми објавија дека Челси подготвиле нов, пет годишен договор, според кој Хадсон-Одои би имал неделна плата од 100.000 фунти.

Многу е веројатно е и дека младиот фудбалер ќе ја добие „десетката“ која во претходните сезони ја носеше Еден Азар.

Scroll to Top