Top Sport

Лампард и Дерби каунти против Астон Вила и Џон Тери за влез во Премиер лигата! (видео)

Дерби каунти стигна до импресивна 4:2 победа на гостувањето кај Лидс за да ја надополни негативата од првиот меч (кога дома загубија со 0:1) за да се пласира во баражот за влез во Премиер лигата, каде што ќе се судри со Астон вила, кои вчера го елиминираа Вест Бромвич Албион.

Ова ќе биде прв дуел на поранешните соиграчи од Челси, Френк Лампард и Џон Тери – Лампард е тренер на Дерби, додека Тери е помошник-тренер во Вила, клубот каде што ја заврши фудбалската кариера.

За македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски и неговиот Лидс јунајтед, ова е уште еден удар, бидејќи еднаш славниот клуб од Јоркшир ќе помине уште една сезона во Чемпионшип и покрај фантастичниот старт на Чемпионишип под водство на тренерот Марсело Биелса.

А, тргна убаво за домаќините на „Еланд роуд“, откако Стјуарт Далас во 26. минута донесе 1:0 водство по кое многу домашни фанови се понадеваа дека работата е завршена. Сепак, Дерби не мислеше така. Мериот во 45. минута, Маунт на стартот на второто полувреме и Вилсон со гол од пенал во 58. минута поведоа со 1:3. Лидс се врати повторно преку Далас во 62. минута, но Мериот со вториот гол на вечерта во 85. минута донесе водство за пласман на баражот на „Вембли“.

Scroll to Top