Top Sport

Лампард имал подобра сезона од Солскјер

Манчестер Јунајтед и Челси вчера, во последното коло, ги потврдија своите места во Лигата на шампионите за наредната сезона. Јунајтед победија кај Лестер со 2:0, а со истиот резултат Челси славеа над Вулверхемптон.

Челси и Јунајтед од клупите ги предводат младите тренери Френк Лампард и Оле Гунар Солскјер. Легендата на Манчестер Јунајтед Рој Кин, кој работи како аналитичар за „Скај Спорт“ коментирал кој од овое двајца имал подобра сезона.

„Френк подобро ја заврши работата. Очекував дека ќе бидат тука, блиску до врвот, но како играа, како Френк и пристапи на работата беше одличен. Тој не прави глупости, донесе некои големи одлуки, внесе во тимот многу млади играчи, добри квалитетни фудбалери на кои некој требаше да им пружи шанса. Тие ја искористија шансата. Завршија во Топ 4 и доколку го освојат ФА купот тоа ќе биде голем успех. Френк секогаш потенцира дека не треба да полетаат со пласманот меѓу најдобрите четири екипи, но ова е голем успех за Челси.

Кин потсети дека Челси поради казната од УЕФА немаше можност да купува минатото лето и дека останаа без најдобриот играч Еден Азар.

За наредната сезона Лампард веќе ги обезбеди услугите на Хаким Зијеш и Тимо Вернер, а според медиумите блиску до трансфер на „Стенфорд Бриџ“ е и најталентираниот германски фудбалер Каи Хаверц.

Scroll to Top