Легендарниот англиски фудбалер и до неодамна менаџер на Челзи, Френк Лампард не работи од јуни минатата година, кога по вторпат се раздели со Челзи, но се чини дека се е подготвено за негово враќање како тренер и тоа во репрезентативниот фудбал.
Лампард наводно има понуда од канадската репрезентација и е блиску до договор со Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Доколку навистина ги преземе Канаѓаните, би имал „огнено крштевање“ на Копа Америка во јуни и јули. Таму Канада ќе се натпреварува во групата А, заедно со Аргентина, Перу и Чиле.
Во својата тренерска кариера освен Челзи во два наврати ги водеше Дерби Каунти и Евертон.