Top Sport

Лампард: Навивачите на Челси да се вратат во реалноста, веќе не сме топ 8 тим

Привремениот менаџер на Челси и легенда на клубот, Френк Лампард им порача на навивачите да се помират со фактот дека нема да бидат во топ 8 оваа сезона и да ја прифатат реалноста пред „бурното“ лето за лондонскиот клуб.

Лампард успеа да ги загуби сите шест меча по враќањето на клупата и може да достигне со неславниот прекар 0-0-7 со пораз на гости кај Борнмут во сабота. По катастрофалната сезона по преземањето на клубот од американскиот конзорциум предводен од Тод Бели и покрај тоа што се потрошија над 500 милиони фунти на засилувања, „сините“ се на 12. место на табелата.

„Во Челси имавме среќа 20 години. Кога вниманието е насочено кон тебе, тогаш мораш да го прифатиш тоа. Дури и како навивачи, можете да бидете фрустрирани и да барате повеќе, но мора да ги сфатите и претходните 20 години во Челси. Не сум тука да се жалам или да бидам навреден. Оваа сезона нема Лига на шампиони, ниту топ 8. Некои фанови не сакаат да го чујат тоа, но тоа е реалноста во која се наоѓаме“, вели Лампард.

Најдобриот стрелец во историјата на Челси исто така призна дека самиот факт што тој е четвртиот менаџер оваа сезона, по Томас Тухел, Греем Потеер и Бруно Салтор, кажува многу.

„Јас сум третиот или четврти менаџер. Со самото тоа гледате дека се работело за тешка сезона. Ситуацијата за мене е пооинаква, бидејќи сега сум привремен менаџер. Тоа е нормално во притисокот и големиот бизнис во модерниот фудбал. Сфаќам во каква ситуација дојдов и немам многу време за жалење, туку морам да го прифатам тоа. Дали не чека рестарт во текот на летото? Сигурно“, вели Лампард.

Scroll to Top