Top Sport

Дрејмонд Грин со дрес на Гризман: Тој ми носи среќа

Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин откри зошто носеше дрес на ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман пред вчерашниот меч против Лос Анџелес лејкерс.

Инспирацијата од Французинот очигледно функционираше за 33-годишниот Грин, кој е четирикратен НБА шампион, откако неговите Вориорс стигнаа до 127:100 победа и израмнување на плејоф серијата на 1:1.

„Гриз е фантастичен. Тој го прави тоа на високо ниво многу години. Имав можност да го сретнам неколку пати и тој е неверојатен. Сакам да го гледам кога ќе дојде во САД, баш во Сан Франциско. Бев на неколку негови мечеви. На ‘Ел класико’ кога бше во Мајами на тој куп, а кога ќе дојде ова лето ќе му бидам почесен капитен. Го добив дресот и сакав да го носам да ни донесе малку среќа“, вели Грин.

Scroll to Top