Top Sport

Лампард одлучи – Дринквотер и Бакајоко се прекубројни во Челси

Лондонски Челси нема право да носи играчи, но и покрај тоа има „вишок“ во ростерот, па поради тоа новиот менаџер на „сините“ неколку дена пред почетокот на Премиерлигата одлучи дека во новата сезона ќе нема потреба од услугите на Дени Дринквотер и Тиему Бакајоко.

Кога седна на клупата на Челси, Лампард рече „Ќе има дадам можност на сите играчи за да ме убедат дека го заслужуваат синиот дрес“. Сега, по месец ипол подоцна цртата е подвлечена.

Додека младиот Тами Абрахам се повеќе се наметнува кај менаџерот како прва опција во екипата, Бакајоко и Дринквотер не се во плановите на Лампард.

Дринквотер во 2017 стигна во Лондон од Лестер Сити за 40 милиони евра.

Бакајоко, пак, кој беше на позајмица во Милан одигра солидна сезона во Серија А. За него заинтересиран е тимот на Евертон.

Конкуренцијата во средниот ред на Челси е голема. Тука се Матео Ковачиќ, Жоржињо, Рос Баркли, Нголо Канте, а се уште се опоравува од повредата Рубен Лофтус Чик.

Scroll to Top