Top Sport

Лампард: Погба е „Јутјуб“ фудбалер!

Легендата на Челси, Френк Лампард не е импресиониран од однесувањето на Пол Погба, нарекувајќи го фудбалерот на Манчестер јунајтед „Јутјуб фудбалер“, и признавајќи дека ја сфаќа фрустрацијата на Жозе Мурињо.

Погба се подготвкува за ФА куп финалето против Челси по сезона во која имаше 6 гола и 12 асистенции во сите натпреварувања, во година во која имаше непостојани перформанси, и во која Мурињо честопати го поставуваше на клупата.

Лампард вели дека ништо не му е јасно.

„Не знам што е Погба. Тој прави лоши одлуки за толку основни работи, а потоа прави фантастични работи и тоа мора да му ја крши главата на Жозе. Мурињо се обиде да го посрамоти, но се грижам дека Погба не го сфати тоа. Тој има поголем природен талент од мене на пример, би ме прегазил во игра, но нема поента да дриблаш на својата половина. А тие вртења и такви потези, не сум нешто импресиониран. Многу млади фудбалери го прават тоа на ’Јутјуб’ и не ми е интересно. Бројките не се на страна на Погба. Тој требаше да има барем 15 гола и да доминираше со тој талент“, вели Лампард.

Фото: ЕПА

Scroll to Top