Top Sport

Хет-трик за Вивијани на 13-тата етапа на Џирото (видео)

Италијанецот Елија Вивијани не е подготвен да се откаже од титулата на поени на Џиро Д’Италија, откако триумфираше на 13. етапа од Ферара до Нервеза дела Батаља за да го зголеми водството во пласман на поени (маља чикламино) пред второпласираниот Сем Бенет.

Вивијани (Квик Степ) победи на првите две етапи на трката во Израел, и сега се врати со заслужена спринтерска победа по 180 километри на велосипед. Вивијани го помина сонародникот Марко Коледан (Вилиер Триестина) за убедлива победа, а Ирецот Бенет (Бора), кој победи вчера го освои второто место за да остане на 40 поени зад Вивијани со само уште една спринтерска етапа на распоредот (21. етапа до Рим).

Фаворитите во генерален пласман имаа „слободен“ ден, бидејќи немаа проблеми на рамната етапа, завршувајќи во главната група. Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) има 47 секунди предност пред Холанѓанецот Том Думулин (Санвеб), пред двете планински етапи во текот на викендот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top