Менаџерот на Челси, Френк Лампард открива дека повредата на напаѓачот Теми Абрахам не е толку лоша како што се стравуваше во првиот момент по неговото излегување од мечот со Валенсија.
Абрахам се „судри“ со Езекиел Гарај од Валенсија пред крајот на полувремето, кога беше очигледно дека нешто не е во ред со неговиот колк. Лампард вели дека 22-годишниот напаѓач нема да паузира подолго време.
„На полувремето изгледаше сериозно, удар во колкот. Но, по мечот добив информации дека не е така сериозно како што изгледаше. Тоа се деталите кои ги имам“, вели Лампард.
Челси и Валенсија одиграа трилер, кој заврши 2:2, и сега Челси ќе мора да ги победи Лил во последното коло за пласман во нокаут фазата.
„Двата тима имаа неверојатни шанси, но можеби тие имаа повеќе. Не би кажал дека имавме среќа. Дали ми се допаѓаше мечот? Не, навистина не, бидејќи можевме да бидеме многу подобри“, вели Лампард.
Innjury of Tammy Abraham against Valencia. Fell on top of garays legs after a hard hit. #ChelseaFC pic.twitter.com/O8F7XIYcqF
— Francisco Prisca (@FranciscoPrisca) November 27, 2019