Top Sport

Лампард прифати да го води Челси до крајот на сезоната

Френк Лампард начелно се согласил да ја прифати функцијата привремен тренер на Челзи до крајот на сезоната, пренесува „Атлетик“. Поранешната легенда на клубот се враќа на клупата каде што беше од јули 2019 до јануари 2021 година, кога беше заменет од Томас Тухел. На клупата ќе го наследи Грем Потер, кој беше отпуштен во неделата.

Веќе е познато кој ќе биде во штабот на Лампард. На „Стенфорд Бриџ“ повторно ќе му се придружат неговиот поранешен соиграч од Челзи и репрезентацијата, Ешли Кол, Џо Едвардс и Крис Џонс.

Екипата на Челзи во вторникот беше предводена од Бруно Салтор, помошникот на отпуштениот Потер и одигра 0:0 со Ливерпул, освојувајќи го 39. бод во сезоната, кој е доволен само за 11. место во Премиер лигата.

Со враќањето на Лампард, Челзи купи време за детална потрага по вистинско, долгорочно решение за да не мора повторно да плаќа десетици милиони евра обештетување поради предвременото раскинување на договорот.

Најсериозни кандидати досега се Јулијан Нагелсман и Луис Енрике.

Scroll to Top