Top Sport

Лампард прифатил да стане привремен менаџер на Челси

Легендата на клубот, Френк Лампард се согласил да стане привремен менаџер на Челси до крајот на сезоната, тврдат повеќе британски медиуми. Лампард вчера беше на „Стемфорд Бриџ“ како гледач на мечот со Ливерпул, два дена по отказот на Греем Потер и се очекува да биде на клупата веќе на саботниот меч против Вулверхемптон.

44-годишниот најдобар стрелец во историјата на клубот е без работа откако во јануари доби отказ од Евертон. Оваа вест доаѓа по преговорите на Челси со поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике и интересот за неодамна отпуштениот германски тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

Се очекува Челси да продолжи со потрагата за нов постојан менаџер, со Маурисио Почетино, Рубен Аморим, Оливер Глазнер и Лучано Спалети како можни мети.

Scroll to Top