Top Sport

Штутгарт е третиот полуфиналист на Германскиот куп

Штутгарт стигна до тешко извојувана 0:1 победа на гости кај Нирнберг за да се пласира во полуфиналето на германскиот ДФБ куп, приклучувајќи се на Ајнтрахт Франкфурт и Фрајбург. Во последното четврт-финале вечерва играат РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд.

Единствениот гол на мечот „падна“ во 83. минута кога младиот француски играч од средината на теренот, Енцо Мијо стрелаше за важна победа во првиот меч на новиот тренер на клубот, Себастијан Хенес.

Scroll to Top