Френк Лампард доби аплаузи и овации на „Стемфорд бриџ“, но Челси немаше милост кон неговиот Дерби каунти совладувајќи ги со 3:2 во осминафиналето на англискиот Лига куп по едно фуриозно прво полувреме.
Лампард, кој одигра 604 натпревари за „сините“ освојувајќи три титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампионите, од оваа сезона е тренер на второлигашот Дерби, со кои амбицијата е веќе оваа сезона да се влезе во Премиер лигата. Дерби во претходното коло ги елиминираа Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, но немаа сили за уште еден подвиг.
Frank Lampard receives a huge reception as he takes his seat in the away dugout at Stamford Bridge.
Watch on Sky Sports Football & Main Event or follow here: https://t.co/0fgjpaQCgf pic.twitter.com/g5pWiQ63Sm
— Sky Sports Football (@SkyFootball) October 31, 2018
Сите пет гола паднаа во интересното прво полувреме во кое Дерби си постигна два автогола. Мечот започна со автогол на Томори во петтата минута за водство на Челси, пред Мериот да направи изненадување само четири минути подоцна и да израмни на 1:1. Во 21. минута, нов малер – Кеог си постигна автогол, но Дерби повторно се врати сасмо шест минути подоцна за ново израмнување. Лудото прво полувреме го заврши Фабрегас со гол во 41. минута од мечот.
Во четврт-финалето се и Арсенал, откако со 2:1 го совладаа Блекпул, како и нивните лути ривали Тотенхем, по 3:1 победата над Вест хем.
ЕФЛ ЛИГА КУП, 1/8 ФИНАЛЕ
Арсенал – Блекпул 2:1
Челси – Дерби 3:2
Вест Хем – Тотенхем 1:3