Френк Лампард вети дека ќе се фокусира на покажување на доверба во младите фудбалери за разлика од поранешните менаџери кои успеаја да ги направат фудбалери Кевин де Брујне, Мохамед Салах и Ромелу Лукаку и тие својот вистински таленти да ги покажат на друго место, во јасен удар на Жозе Мурињо.
Челси имаа договори во одреден дел од кариерата на трите фудбалски ѕвезди, но тие не станаа ѕвезди во западен Лондон и Лампард вели дека тимот мора да не дозволи таква ситуација да се повтори, откако на стартот на својата работа со „сините“ им даде шанса на повеќе млади фудбалери како Теми Абрахам, Мејсон Маунт, Фикајо Томори и Рис Џејмс.
„Ако не сме трпеливи и не стоиме зад нашите фудбалери тогаш можеме да бидеме во иста ситауција како во минатото, кога топ-фудбалери беа во Челси на 20 или 21 година, но менаџерите не им дадоа шанса. Јас сум во позиција да го сменам тоа. Се надевам дека со мешавината на искусни и млади фудбалери ќе се помогне во развојот. Некои од моите момци беа во Чемпионшип минатата година и ова е нов тест“, вели Лампард.