Поранешниот англиски репрезентативец, Ешли Кол ќе му се приклучи на својот поранешен соиграч од Челси, менаџерот на Дерби каунти во ловот на Премиер лигата оваа сезона.
38-годишниот Кол последните три сезони ги помина во Америка, како дел од Лос Анџелес галакси, но беше ослободен од договорот на крајот на сезоната 2018, и сега има нов предизвик да ги однесе „Рамс“ во Премиер лигата. Кол има договор до крајот на сезоната.
„Пресреќен сум што ги обезбедивме услугите на Ешли бидејќи се работи за фантастичен фудбалер кој со себе носи огромно искуство. Многу добро го познавам од времето заедно во Челси и во англиската репрезентација и знам што може да донесе во тимот“, изјави Лампард, откако англиските медиуми тврдеа дека тој ја убедил управата на клубот да му дадат плата од 15.000 фунти неделно на ветеранот.
Welcome to #DCFC, @TheRealAC3! ?
? https://t.co/rwOblQGldy#WelcomeAshley pic.twitter.com/RIrB9pcVdH
— Derby County (@dcfcofficial) January 21, 2019
Ashley Cole is a Ram. ?#WelcomeAshley pic.twitter.com/HEuwvjUAd5
— Derby County (@dcfcofficial) January 21, 2019