Top Sport

Лампард за Кепа: Не е важно колку чиниш, ако не си добар, нема да играш

Френк Лампард вели дека е задоволен од реакцијата на Кепа Аризабалага, откако најскапиот голман на светот беше пратен на клупата, но тоа не значи дека тој ќе се врати меѓу диреците против Манчестер јунајтед во понеделник.

Кепа, за кого „сините“ платија 72 милиони фунти на Атлетик Билбао во 2018 година, не беше дел од тимот со Лестер сити, кога ветеранот Вили Кабалјеро беше голман при 2:2 ремито.

„Јас одлучив, ќе видите во понеделник. Реакцијата засега беше добра. Тој тренираше добро, со главата долу. Не сум разговарал многу со него оваа недела. Но, не е важно како си пристигнал во клубот, не ми е важна цената која била платена за тебе. Своето го докажуваш на тренинзите и на мечевите. Дали ова беше повик за будење? Не би кажал така. Голманите се малку поинакви од другите членови на тимот, но сакам сите да реагираат на време“, вели Лампард.

Scroll to Top