Top Sport

Ланзини го очекува суспензија за симулирање (видео)

Иако неговиот тренер Дејвид Мојс сакаше да го објасни инцидентот со умор, Мануел Ланзини најверојатно ќе стане вториот играч во Премиер лигата кој добил суспензија поради симулирање, откако Фудбалската асоцијација (ФА) потврди дека има дисциплински случај против него.

Инцидентот се случи во 18. минута од мечот на Вест Хем против Стоук сити, кога Ланзини падна во шестнаесетникот на ривалите и доби пенал, за подоцна „чеканите“ да победат со 3:0. Вест Хем сега ќе мора да одлучи дали да се жали на случајот или да прифати суспензија од два меча.

Играчот на Евертон, Умар Ниасе беше казнет со два меча поради сличен инцидент против Кристал Палас минатиот месец, кога стана првиот фудбалер кој ретроактивно е казнет поради симулирање.

http://topsport.mk/fudbal/mojs-go-pravda-lanzini-trchashe-70-metri-zatoa-padna-od-umor-video/
Scroll to Top