Top Sport

Ланзини откри зошто Еткисон не делел картони

Фудбалската репрезентација на Аргентина, синоќа во Манчестер, во пријателски натпревар ја победи Италија 2:0. Овој натпревар беше последен во кариерата за славниот англиски судија Мартин Еткинсон.

Прошталниот меч на Еткинсон ќе биде забележен во фудбалската историја и поради тоа што тој решил, уште пред почетокот на мечот, да не покажува картони.

Ова по натпреварот го открил Мануел Ланзини.

Иако натпреварот на моменти наликуваше на официјален, а не на пријателски, Еткисон го одржа ветувањето, не покажа ниту еден картон.

„Судијата ми ми кажа дека ова е последниот меч во неговата кариера и дека нема намера да покажува картони“, рекол Ланзини за „Оле“.

Еткисон од меѓународната сцена заминува на 46-годишна возраст. Минатата година тој беше втор во изборот за најдобар светски судија, зад Германецот Феликс Брих.

Scroll to Top