Тренерот на Атлетик Билбао, Хозе Анхел Зиганда вели дека нивниот дефанзивец Ајмерик Лапорт му кажала дека не планира да направи трансфер во Манчестер сити, иако тој не го стави во тимот за петочниот натпревар со Еибар.
23-годишниот француски бек беше присутен на сите мечеви на Атлетик оваа сезона, а беше и пријавен за мечот од Ла лига, но не беше во составот при 1:1 ремито. Пеп Гвардиола и Манчестер сити беа заинтересирани да го донесат играчот во Сити а 60 милиони фунти, но пред крајниот рок, Зиганда вели дека тој му кажал дека не оди во Англија.
„Решив да не биде во составот и кога разговарав со него не беше во најдобра форма, немаше добар одмор бидејќи имавме напорна недела. Шпекулациите се големи, но самиот тој ми кажа дека не оди во Сити“, вели Зиганда.