Top Sport

Лапорт признава: Секако, ги гледаме мечевите на Ливерпул

Откако претходно менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, инсистираше дека нема да го гледа мечот на Манчестер сити против Лидс, дефанзивецот на Сити, Ајмерик Лапорт признава дека сите во тимот ги следат резултатите и мечевите на ривалите во тесната битка за титулата во Премиерлигата.

Во неделата, прво Ливерпул победи на гости кај Њукасл со 0:1, пред Сити на гости кај Лидс да стигне до убедлива 0:4 победа, заддржувајќи го првото место со поен предност пред „црвените“.

„Беше важно да се победи и го направивме тоа и мора да продолжиме така. Знаевме дека Ливерпул победија и дека продолжуваат со добрите резултати, така што мораме да го направиме истото. Одговоривме на притисокот. Секако, ги гледаме мечевите на Ливерпул и ги следиме нивните резултати, но се фокусираме на нашата работа“, вели Лапорт.

До крајот на сезоната во Премиерлигата, двата тим имаат по пет натпревари.

Scroll to Top