Top Sport

Лапорт за изборот на Шпанија пред Франција: Не можев повеќе да чекам

Ајмерик Лапорт вели дека одлуката да игра за Шпанија наместо за Франција не е контрирање на францускиот селектор Дидие Дешам, туку само користење на златна шанса да игра на големо натпреварување.

Дефанзивецот на Манчестер сити е роден во Франција и играше за нивната репрезентација во младинските категории (У-19 и У-21), но ниту еднаш не беше повикан во сениорската репрезентација, и реши да настапува за Шпанија преку своето баскиско наследство. Во интервју за „Марка“ тој ги објаснува своите мотиви.

„Не можеш да ги направиш сите среќни. Ова е деликатна тема, но на крајот беше нешто што мислев дека е вистински потег. Се обидов да имам огромна почит кон сите и само да играм. Сега, уживам во секоја секунда. Моето семејство ме разбра и сфати зошто сакам да го правам тоа. Тоа што ми го даде Шпанија, не само сега, туку во целата кариера нема врска со Франција. Сите ја знаеја мојата ситуација, знаеја дека не сметаат на мене во Франција. Чекав предолго време нешто да се случи“, вели Лапорт.

Scroll to Top