Top Sport

Лапорта: Барселона нема да се расфрла со пари

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, порачал дека клубот нема да влегува во ризик со големи трансфери.

Лапорта, во интервју за „Мундо депортиво“, говорел за евентуалните засилувања. Барселона се поврзува со Левандовски, Халанд и Мбапе.

„Нема да говорам за конкретни фудбалери, само ќе кажам дека нема да започнеме ниту една операција која би можела да биде ризчна за нас. Така започнав да работам од моментот кога повторно станав претседател. Дури и кога ќе ја вратиме финансиската стабилност нема да се расфрламе со пари. Значи можеме да разговараме за големи финансиски операции, во кои Барселона нема да ја „губи главата“. Голем број фудбалери сакаат да дојдат во Барселона. Тие го сакаат клубот, ја сакаат нашата филозофија. Но тие кои ќе дојдат ќе мора да прифатат плати кои сега се на нивото на клубот“, рекол Лапорта.

Првиот човек на Барселона, лично демантирал дека клубот преговара со Килијан Мбапе. Уште еднаш потврил дека некој преку Барселона сака да ја крене цената на фудбалерот.

„Тоа е дел од шоу бизнисот. Повеќе немам што да кажам“.

Scroll to Top