Top Sport

Лапорта ги „запали“ фановите: „Дали ќе се врати Меси? Да!“

Барселона не успеа да го победи Хетафе, но нејзините навивачи имаа причина за славење. Барем дел од оние кои посакуваат враќање на Лионел Меси во клубот.

Фановите го окпружија претседателот Жоан Лапорта и му поставија прашање за можното враќање на аргентинскиот ас.

Меси е под договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната и сѐ уште не се знае каква ќе биде неговата одлука. Опциите се да остане во клубот каде што навивачите го исвиркуваат, да ја прифати понудата на Ал-Хилал од 400 милиони евра годишна плата, да замине во некој друг европски клуб или или да се врати дома во Барселона.

Иконата на Барса на работа во Париз можеби е чекор поблиску до враќање, откако Лапорта одговори позитивно на прашањето за негов камбек.

„Дали ќе се врати Меси? Да“, одговори Лапорта.

Меси за Барселона одигра 778 натпревари и постигна 672 гола. Со клубот освои сѐ што беше можно, тоа го повтори неколку пати и се здоби со статус на најдобар фудбалер на сите времиња.

Scroll to Top