Top Sport

Лапорта го бара наследникот на Чави

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, веќе пронашол тројца кандидати за наследник на Чави Ернандез на клупата на Барселона, пишува шпанскиот весник „Ел Насионал“. Според овој медиум, Каталонците се подготвени да се разделат со Чави бидејќи резултатите едноставно не се задоволувачки.

Раководството на клубот не е среќно бидејќи Барселона е пред испаѓање од Лигата на шампионите по ремито со Интер на домашен терен и поради поразот од Реал Мадрид со 3:1 во Ел Класико.

Чави ја презеде функцијата главен тренер на Барселона пред неполна година. Го наследи Роналд Куман, но неговите резултати се и полоши од оние на Куман. Всушност, Чави има историски најлош рекорд во првите 50 натпревари на клупата на Барселона.

За најверојатен наследник на Чави е претставен Томас Тухел, германскиот стратег кој до неодамна го водеше Челси. Второто име на листата е Марсело Гаљардо, кој си заминува од Ривер Плата по осум сезони, а третата, и најмалку веројатна опција, е Јирген Клоп, актуелниот менаџер на Ливерпул.

Scroll to Top